×

Компании

Системот за зонско паркирање претставува револуција во паркирањето и паркинг администрацијата. Системот ги има сите потребни алатки за управување со возилата, извештаите, сметководството и контрола на трошоците.

Придобивки

Доколку се регистрирате како бизнис корисник, покрај општите придобивки од зонското паркирање, ќе ги добиете и следните дополнителни придобивки:
  • Добивате сметка секој месец за сите паркинг-сесии на вработените, со што се намалува административната работа и Ви дава подобар преглед на паркинг-сесиите и трошоците.
  • Можете да поставите ограничувања во работини денови и по работно време за секој корисник. На овој начин можете да ги контролирате трошоците и да се осигурате дека вработените се паркираат на сметка на компанијата само во работните часови.
  • Можност да ги субвенционирате приватните мобилни телефони на Вашите вработени во работно време и по работни часови
  • Можете да ги намалите трошоците, не само поради поефикасната администрација туку и поради тоа што плаќате само за времето кога сте паркирани, со што на долг рок се намалуваат трошоците за СМС-пораки.
  • Можноста за плаќање со мобилниот телефон го намалува ризикот од добивање на доплатна карта за паркирање.

Како да се регистирате

Регистрирањето за нашата услуга е многу лесно. Само треба да го пополните он-лајн формуларот и потоа да извршите уплата за регистрирани корисници (во мени Цени-Регистрирани корисници). Повеќе информации за нашата услуга можете да добиете во контакт центрите за поддршка.

За регистрација кликнете тука

Алатките за управување со возилата ви овозможуваат:

  • Да додадете неограничен број на мобилни телефони на Вашата сметка
  • Да доделувате месечни ограничувања за паркирање за секој корисник или група на корисници
  • Да ги дефинирате службените возила и да ја ограничите употребата на сметката само за тие возила
  • Ограничување на употребата на Вашата сметка во работни денови по работни часови, по број на паркирања и органичување на износот за наплата за секој корисник
  • Субвенционирање на мобилни телефонски броеви кои не се на сметката на компанијата
  • Креирање на извештаи за користењето на сметката (според работното време, регистарска табличка, зона итн.)
  • Анализа на поранешните паркирања и трошоци
За повеќе информации можете да не контактирате на info@parking.mk