×

За нас

Системот за зонско паркирање е обезбеден од Nextsensе, водечки провајдер на е-бизнис и мобилни решенија во Македонија. Технологијата за реализација на овој проект е овозможена од NOW!Innovations, фирма која се вбројува помеѓу светските лидери за дигитални дозволи и решенија за мобилно плаќање во транспортниот и паркинг секторот. Системот е целосно поддржан од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје и ЈП Паркиралишта Струмица - Струмица.

За реализацијата на овој проект се користеа искуства од други европски градови. Системот за прв пат е воведен на белгискиот пазар, во градот Антверп во 2004 година, но со текот на годините и другите европски градови започнаа да го применуваат. Најголемата имплементација во моментов е во САД. Платформата константно се подобрува и нејзините функции се прошируваат.


За системот за м-паркирање

Системот за зонско и м-паркирање Ви овозможува да го паркирате возилото во предефинираните зони со испраќање на СМС порака на бројот 144 144 од Вашиот мобилен телефон.

Системот припаѓа на втората генерација на платформи за управување и контрола на паркирањето преку мобилни уреди и електронски дозволи. Комбинирајќи го знаењето од мобилните комуникации и паркинг индустријата, овозможува флексибилна интеграција на технологиите и лесно процесирање со најпопуларните методи на плаќање.