×

Често Поставувани Прашања

Што доколку го заборавам моето корисничко име и/или лозинка?

Кога ќе се регистрирате на www.parking.mk, ќе треба да одговорите на едно контролно прашање. Доколку го заборавите вашето корисничко име и/или лозинка, потребно е да испратите PASS во нова СМС-порака на бројот 144144, со помош на еден од Вашите мобилни телефони. Како одговор ќе добиете СМС-порака од системот за зонско паркирање, која ќе ги содржи Вашите корисничко име и/или новата лозинка.

Како да го започнам паркирањето со мобилниот телефон?

За да започнете со паркирањето потребно е да се регистрирате со креирање на паркинг-профил. Потоа испратете СМС-порака со шифрата на зоната каде сакате да паркирате и регистрацијата на Вашето возило на бројот 144144.

Зошто е потребно да се регистрирам по бесплатното паркирање?

Мобилните оператори Македонски Телеком и А1 со своите технологии вкллучуваат наплата за паркирање преку нивните сметки.

Како да се регистрирам?

Регистрацијата е бесплатна. Следете го линкот "Регистрирај се" на првата страна на веб страната www.parking.mk. Ќе Ви бидат потребни само две минути за да ги пополните потребните информации. Регистрацијата е бесплатна за сите клиенти.

Која е разликата помеѓу приватен и деловен корисник?

Приватните корисници имаат поограничени функции во однос на додавање на мобилни броеви на својот веб-профил. Имаат пристап до нивниот профил кој ги содржи нивните лични информации и можност да добиваат една фактура за обавени паркинг сесии за повеќе мобилни телефонски броеви.
Деловните корисници имаат понапредни функции и им е потребен скоро неограничен број на телефонски броеви (до 1000) по веб-профил. Наменет е за прватни и јавни претпријатија кои се поседуваат поголем број на возила. Плаќањето е еднаш месечно и корисниците добиваат само една фактура за сите паркинг сесии поврзани за нивниот веб-профил.
И двата типа на корисници можат да започнат или стават крај на паркирање преку нивниот веб-профил со што ќе ги избегнат дополнителните трошоци за испраќање на СМС-пораки.

Како да знам колку сум платил за паркирање?

За пост-пеид корисниците од кој било мобилен оператор, трошоците за паркирање и СМС ги добиваат во месечната фактура за мобилниот телефон. За регистрирани корисници (при-пеид и пост-пеид од кој било мобилен оператор) можете во секое време да ја проверите Вашата сметка на веб профилот на www.parking.mk.

Зошто ми се потребни корисничко име и лозинка?

Кога се регистрирате, потребно е да креирате Ваше корисничко име и лозинка, со кои ќе можете да влезете во Вашиот личен профил на веб страната www.parking.mk, да подесите точни преференци, да ги видите Вашите минати трансакции од паркирање како и почетокот и крајот на една паркинг-сесија или пак да платите за месечни трошоци за паркирање.

Дали може да користам повеќе од еден број на мобилен телефон?

За нерегистрирани корисници за услугата - може да користите број од било кој од мобилните оператори. Регистрираните корисници можат да поврзат повеќе броја на еден профил.

Дали може да ја искористам паркинг-услугата за некој друг автомобил?

Да, можно е. Со внесување на регистарскиот број на автомобилот во Вашата порака за започнување со услугата на паркирање со мобилен телефон, можете да започнете и прекинете паркинг-сесија за било кој автомобил, сè додека со бројот на мобилниот телефон е искористено паркирање на само еден автомобил.

Дали секогаш треба да го нагласувам регистарскиот број кога го паркирам истиот автомобил?

Не, не е потребно. Системот автоматски го помни автомобилот што сте го паркирале претходниот пат. Доколку го паркирате истиот автомобил, можете да почнете со услугата само со внесување на шифрата на паркинг зоната во СМС-пораката – не е потребно да го повторувате регистарскиот број, доколку бил вклучен во сите претходни СМС-пораки за почеток на паркирање.

Како да знам дали системот работи или не?

По испраќањето на почетната СМС-порака добивате потврда дека сте ја испратиле. Оваа конфирмација ја добивате во рок од 5 до 15 секунди по испраќањето на пораката за почеток или крај на услугата.

Што доколку сум ја стопирал услугата за паркирање а ми е издадена доплатна карта?

Паркинг контролорите вработени од страна на градот, ќе ја проверат базата со помош на PDA-уреди. Доколку Вашиот автомобил сè уште е внесен во системот за валидна паркинг-сесија а е издадена доплатна карта, грешката ќе биде исправена. Во таков случај, Ве молиме веднаш јавете се во центарот за поддршка на бројот 02 321 5566 или пратете порака на info@parking.mk, и опишете го Вашиот проблем.

Каде управуваме?

Можете да видите на мапата на првата страна или во менито Паркинг- зони.

Дали е возможно да се паркирам со мобилен телефон со при-пеид картичка?

Да, можете да користите при-пеид картичка преку мобилните провајдери на Македонски Телеком и А1. Тарифите се исти за сите провајдери, без разлика дали се работи за при-пеид или пост-пеид корисник.

Добив СМС-порака дека мојата паркинг-сесија не е започната.

Доколку сте пратиле СМС-порака за започнување на паркирање по времетраењето на наплата во дадената зона, ќе добиете порака дека Вашата паркинг-сесија не е започната. Ова е затоа што започнува бесплатното време во зоната и не треба да плаќате за вашето паркирање.

Колку е цената на пратена СМС-порака?

Цената на секоја пратена порака е 5 денари без вклучен ДДВ.

Што ако корисикот не добил текстуални пораки?

Ако корисникот не добил текстуални пораки, една од причите може да биде, или:
  • 1. Сметката на мобилниот телефон на корисникот не вклучува текстуални пораки,
  • 2. Корисникот може на неговата/нејзината лична веб страна навел дека не сака да прима текстуални пораки
  • 3. Можеби има одложување во текстуалната смена

Зошто корисниците не можат да паркираат?

Неможноста да се паркира може да биде од следниве причини:
  • 1. Корисникот веќе ја употребил бесплатната пробна паркинг сесија и мора да се регистрира онлајн на www.parking.mk или преку контакт центрите за поддршка за корисниците
  • 2. Билансот на сметката на корисникот е под минималната граница
  • 3. Корисникот веќе го достигнал максималното временско ограничување за паркирање.
"