×

Политика за приватност

"

1.Прибирање на лични податоци

На овој сајт, системот за зонско паркирање прибира лични информации, како што се Вашата е-мејл адреса, име, домашна или службена адреса, телефонски број, регистарски број на возила.

Доколку изберете да се претплатите за услуги кои се плаќаат (Систем за зонско паркирање) ние ќе проследиме дополнителни лични податоци, вклучувајќи го и Вашиот број на кредитна картичка и адреса на која ќе Ви се испраќаат фактурите за плаќање, со цел да се креира профил за зонско паркирање.

Некстсенс, обезбедувачот на услуги на системот за зонско паркирање може да прибира информации за Вашата посета на сајтот, вклучувајќи страни кои сте ги посетиле, линкови кои сте ги кликнале и други активности во рамки на системот за зонско паркирање. Ние исто така собираме определени стандардни податоци кои Вашиот пребарувач ги испраќа на секој сајт што го посетува, како што се Вашата IP адреса, тип на пребарувач, и јазик, број на пристапи и поврзани адреси на веб страници.

2.Употреба на Ваши лични податоци


Некстсенс прибира и користи Ваши лични податоци за да управува со системот системот за зонско паркирање и ги спроведува услугите кои ги побарувате.

Некстсенс прибира и користи Ваши лични податоци за да управува со системот за зонско паркирање, во име на Некстсенс и да ги испорача услугите кои Вие сте ги нарачале. Овие услуги можат да вклучат преглед на типична содржина и рекламирање врз основа на информациите кои ги прибира системот за зонско паркирање

Некстсенс може исто така да ги употреби Вашите лични податоци за да Ве информира за други производи или услуги достапни по специјална промоција. Системот за зонско паркирање може исто така да Ви испраќа и анкети за тековни услуги, или потенцијални нови услуги кои ги нудиме. Некстенс не продава, изнајмува или издава свои клиентски листи на трети лица.

Повремено изнајмуваме услуги од други компании за да обезбедат делумни услуги за нас, како што е обработка и испорака на пошта, обезбедување помош за корисници, процесирање на трансакции, или изведување на статистички анализи на нашите услуги. Во таков случај на овие компании ќе им доставиме само оние лични информации неопходни за испорака на нивните услуги. Од нив исто така се бара да ја почитуваат доверливоста на Вашите податоци, и забрането им е да ги користат тие податоци за каква било друга намена.

Некстсенс може да открие Ваши лични податоци доколку тоа се бара од надлежните органи односно доколку таков чекор е неопходен поради: (a) почитување на регулативи од законот или усогласување со правната процедура во служба на Некстсенс или на сајтот; (b) заштита и одбрана на права на сопственост на Некстсенс, вклучувајќи ги сродните страници на системот за зонско паркирање, или (c) дејствување во итни ситуации за заштита на личната безбедност на корисници на услуги на системот за зонско паркирање или јавноста.

3.Контролирајте ги Вашите лични податоци

Некстсенс им нуди на корисниците избор за прибирање, користење и оставање на лични податоци. Вие може да изберете да не добивате маркетинг материјали од Некстсенс или трети деловни партнери.

Исто така, можете да ја прекинете испораката на промотивни материјали во иднина од Некстсенс, со тоа што ќе следите конкретни инструкции во е-мејлот кој го добивате. Инструкциите објаснуваат како да не ги добивате ваквите мејлови понатаму.

Некстсенс испраќа и периодични е-мејли со кои Ве информира за теми од техничка природа, анкети за производи, најави за нови карактеристики и вести во врска со системот за зонско паркирање и други услуги. Нема да можете да се откажете од овие услуги, бидејќи се сметаат за дел од услугата што сте ја избрале.

4.Безбедност на Вашите лични податоци

Некстсенс е посветен на заштита на безбедноста на Вашите лични податоци. Ние користиме палета од безбедносни технологии и процедури со кои Вашите податоци се обезбедени од неовластен пристап и употреба. На пример, ние ги чуваме личните податоци кои ги оставате на компјутерски системи со ограничен пристап, кои се лоцирани во контролирани објекти. Кога испраќаме строго доверливи податоци, како што се податоци од кредитна картичка, преку интернет, ги заштитуваме така што ги кодираме, како на пример со протоколот Secure Socket Layer (SSL).

"